Беранци е село Пелагонија и припаѓа во Општина Могила. До селото најлесно се стигнува по стариот пат Прилеп-Битола и се наоѓа на 17 километри од Битола.
Селото најпрвин запишано како Беранци се сретнува во 1468 година во турски документи. Се верува дека името потекнува од личното име Беран.
Всушност, легендата вели дека прв во месноста се населил некојси Беран (или Берон) од струшкото село Вевчани, кој избегал од налетот на Турците. Тука тој создал семејство и започнал да живее.
Селото е рамничарско, на надморска височина од 640 метри и е сместено од левата страна на патот Битола-Прилеп.
Беранци е поголемо село сместено помеѓу планинската падина на Древеник на запад и рамнината Пелагонија на исток. Околни села се: Долно Српци, Вашарејца и Могила.
Беранци е македонско село и според последниот попис во селото живееле 445 жители. Над селото се наоѓа преубавиот манастир Свети Јован Крстител или познат како Беранечки манастир. Црквата била осветена на 2 август 1879 година, поточно на верскиот празник Илинден.
Токму за Иванден манастирот ја слави една од своите слави, а портите на храмот ќе бидат отворени за сите верници и добронамерници.
По повод празникот на 06.06.2022 со почеток од 19:00 часот ќе се одржи вечерната служба, а после службата ќе ве забавува група Ројал.
Исто така на 07.06.2022 со почеток од 07:00 ќе се одржи утринската служба, а после службата одново ќе ве забавува истата музичка група.
Од црковниот одбор упатуваат покана до сите кои сакаат да го посетат прекрасниот манастир да дојдат за Иванден, да запалат свеќа и да се помолат за своето и здравјето на своите најблиски.