Нашите предели се место на повеќе видови на животни кои се на работ од истребување и се строго заштитени со закон. Загрозени и заштитени видови има околу 113, од кои 30 риби, 1 влекач, 66 птици и 16 видови на цицачи. Од цицачите се вбројуваат рисот, мечката, дивата коза, волкот, еленот, лилјакот и други, а од птиците златниот, суриот и царскиот орел, египетскиот и белоглавиот мршојадец, лисестиот глувчар и соколите – пишува порталот “Машки магазин”
Но, не смее да се заборави еден, единствен примерок! Велат дека го нема никаде во светот, само кај нас. Се работи за Виленското ракче- Chirocephalus pelagonicus. Самото име го детерминира неговото место на живеење- живее во Пелагонија, во локалитетот викан Локви, во близина на селото Големо Коњари, Прилепско.
Подрачјето на мочуриштето е природен резерват и е прогласен за споменик на природата. На листата на загрозени животни на ЕУ се наоѓа и ова животно.
Целиот текст прочитајте го ТУКА