Една неубава слика од центарот на Прилеп, поточно од фонатаната кај тринаесеткатницата.
Фонтаната е претворена во вистинско мучуриште кое шири непријатна миризба и го нарушува изгледот на градот.
Речиси сме јули месец, а локалната самоуправа сеуште ги нема уредено и пуштено фонтаните низ градот.
Пред извесно време, откако реагираа од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во функција беше ставена најголемата фонтана кај Комерцијална банка.