Жозе Мурињо не се шегува со новиот ангажман во Манчестер Јунајтед. Првите вести пристигнаа вчера. Златан Имбрахимович на Олд Трафорт, е веќе завршена работа. Денес “црвените ѓаволи” повторно не мируваат. Светските спортски медиуми пренесуваат дека Јунајтед го купува младиот центархалф на Виљареал Ерик Бејли, за дури 40 милиони евра.
Младиот 22-годишен одбрамбен играч на Брегот на слоновата коска, најпрво беше поврзуван со трансфер во Манчестер Сити. По се изгледа Мурињо зема пред очи уште еден ас од Пеп Гвардиола, а според шпанските медиуми, трансферот ќе биде реализиран час поскоро.
Бејли пристигна на Ел Мадригал во 2014 година за 5,7 милиони евра од Еспањол. Од тогаш за “жолтата подморница” тој одигра 46 натпревари и 15 за репрезентацијата на Брегот на слоновата коска.
А.Г.