Интересно интервју во најновата емисија “Во центар” на новинарот Васко Ефтов.
Негов гостин е Професорот Игор Јанев, или еден од најголемите експерти за Меѓународно право на Балканот.
Темата на емисијата е “Дали Македонија ќе го промени своето име и ќе влезе во НАТО или во Македонија ќе бидат распоредени сини шлемови”.
За тие што не знаат “сините шлемови” се воена волонтерска армија на Обединетите нации чии припадници се распоредуваат во кризни подрачја.
Погледнете ја емисијата со внимание и дознајте во кои граници се движи Македонија во овој исклучително жежок период.