Почитуван Господин Велески,
Како локална самоуправа изненадени сме од Вашето незнаење и политиканство поврзани со изнесените лаги од Ваша страна за потрошените средства од Буџетот за реализирани проекти на Локалната самоуправа.
Вакви паушални износи кои ги кажувате на прес конференција како Советник и координатор на Советничка група кој директно е инволвиран во носењето на Буџетот и годишните сметки срамно е да манипулирате со јавноста со суми од 200 милиони евра кога годишниот оперативен Буџет не ја поминува сумата од 5 до 6 милиони евра.
Без разлика што ова сето добро го знете Вие и понатаму продолжувате да ја манипулирате јавноста за ситни политички поени и лична самопромоција.
Многу добро знете дека секоја година општина Прилеп е Лидер во реализирани проекти и не само од средствата од Буџетот туку тоа го слушнавте и лично од Евроамбасадорите дека општина Прилеп е лидер на РМ во искористување на средства од европските фондови.
Сликата каков бил Прилеп и колку проекти имал во ваше време, колку проекти се реализирани во времето на оваа локална самоуправа најдобро го знаат граѓаните на општина Прилеп кои секојдневно ги гледаат истите.
Ако изнесувате вакви паушални политиканства, истовремено се самопрмовирате многу почесно е да наброите барем еден успешно реализиран проект во времето на вашето владеење за да можат граѓаните да направат споредба.
Но еве да ги потсетиме граѓаните за вашето недомакинско работење единствен Ваш проект е пропаѓањето на Микрон каде и денес сте дел од менаџерскиот тим и кој доста успешно го распаднавте.