Жесток и аргументиран одговор на пресот на СДСМ од Општина Прилеп: Прилеп го враќа приматот спортски центар!

Прилепските социјалдемократи денес преку пресконференција ја обвинија локалната самоуправа на Општина Прилеп и владеачката ВМРО-ДПМНЕ за реконструкцијата на градскиот стадион “Гоце Делчев”. На тоа следуваше жесток и аргументиран одговор од Општина Прилеп.

121212121211

“Очигледно ви е проблем и не сакате да верувате дека успешно ќе се заврши секој еден проект што Локалната самоуправа започнува да го реализира. Ние како и секогаш ќе ве испочитуваме и ќе ве поканиме на свеченото пуштање во употреба на комплетно реконструираниот градски садион „Гоце Делчев“, стои во обраќањето на Општина Прилеп.

Од Општина Прилеп потсетуваат дека  градскиот стадион беше дива градба  оставена на милост и немилост за време на владеењето на СДСМ, а благодарение на законите кои ги донесе Парламентот предводен од  Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, стадионот веќе е легална градба и веќе е сопственост на Општина Прилеп.

“Со реконструкцијата согласно критериумите на УЕФА ќе се санираат трибините за публика, ќе се покријат северната и јужната трибина, комплетно ќе се санираат сите простории во објектот, ќе се постави  ново осветлување  и комплетно ќе се реконструира спортскиот терен, а реконструкција е веќе во тек и ќе се започне со инсталирање на дренажниот систем”, посочуваат од Општина Прилеп

Инаку во изминатите 10 години во Прилеп изградени се: 4 нови спортски сали во градот, а реконструирани се останатите, изградени се повеќенаменски игралишта, тениски терени, фудбалски терени во населените места, скејт-парк, мотокрос патека, фитнес зони, уредени се патеки за трчање, изграден е фудбалски терен со вештачка трева, обезбедени се услови Прилеп да се промовира како светска дестинација за авантуристички туризам, параглајдерство и болдеринг, а  континуирано финансиски се помагаат младите спортисти од Прилеп, спортските клубови и иконите на прилепскиот спорт, ФК Победа и РК Прилеп. Сето ова се прави со цел на градот заслужено да му се врати епитетот спортски центар и најфудбалски град во Македонија.

“Спротивно на ова, ваш препознатлив начин на работа е грижата за спортот и младите на ХАРТИЈА, како и преку популистички пресови и ветувања. Немате поставено ни еден маалски кош во општината, ниту пак имате доставено иницијатива, а камоли реализирано проекти за подобрување на спортот  и поддршка на младите”, завршуваат од локалната самоуправа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.