Жестоко соочување на прилепчанецот и Бугаринот во центарот на Прилеп: Вечерва ќе се соочат во рингот (ВИДЕО)

Вечерва со почеток од 19:30 часот, на Градскиот базен “Маркови Кули” – Прилеп, ќе се одржи професионална боксерска ревија за скор на професионалните боксери во Светската професионална боксерска ранг листа.

Од нашата држава во лесно тешка категорија ќе настапи боксерот Ице Трајкоски од Прилеп кој досега има скор 1-1-0. Нашиот Ице ќе боксува против Енсар Осман од Бугарија.

Денеска претпладне во центарот на Прилеп се одржа официјално мерење на борците при што настана мал инцидент, кој сепак е одлика на боксот и е во склоп на жестокоста која ја носи со себе овој спорт.

Краткиот инцидент настана при соочувањето на нашиот боксер Ице Трајкоски со Бугаринот Осман.

Покрај оваа борба, љубителите на овој спорт ќе можат да уживаат во уште 4 други борби.

Сите кои се заинтересирани да го следат овој несекојдневен фајтерски спектакл во нашиот град, влезници можат да набават по цена од 100 денари на билетарницата од Градскиот базен “Маркови Кули”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.