“Жестока битка за нов Претседател на ОО СДСМ Прилеп?”

Поминаа 5 дена од објавата на конкурсoт за нов Претседател на ОО СДСМ Прилеп, кој ќе го замени разрешениот заради изборен дебакл Миле Талески. Апетитите растат кај сегашните, но и бившите функционери на СДСМ, бидејќи функцијата е престижна, но и одговорна.

Дали, Миле Талески не успеа да се справи со предизвикот, бидејќи од своите беше обвинет дека е дел од злосторничко здружување во партијата, или заради обвинувањата дека во Прилеп “цвета” непотизмот ќе покаже времето?

Заев направи решителен и храбар чекор кога ги мотивираше на конкурсот да се пријават само тие што победиле, а губитниците да одморат на резервната клупа.

Чаршијата како и секогаш е предвесник на новите кадровски решенија, па и во овај случај фаворити за гласот на народот се бивш пратеник, млад бизнисмен, истакнат директор…но, како и да е времето ќе покаже кој бил во право и кој го погодил наследникот на Миле Талески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.