Преполни ормани и нервоза поради вистинската одлука, значи дека жените дневно трошат повеќе од 17 минути размислувајќи за својот орман. Во периодот од 18 до 60 години, поминуваат близу 6 месеци активно размислување за донесување на одлука што да облечат.
Анкетата која ја направиле од “Marks & Spencer’s Shopping” открива дека повеќето време жените го поминуваат во “посматрање” на орманот, како и тоа дека 62% од жените страдаат од излив на бес пред орманите со тврдење дека “немаат што да облечат”.
На мажите не им е потребно толку време, но поминуваат 13 минути во денот, односно 3 дена годишно, размислувајќи што да облечат. Еден од пет мажи расфрла облека низ просторија, додека да најде што да облече, а повеќе од една третина од мажите го имаат истиот проблем како жените – излив на бес затоа што немаат што да облечат.
Истражувањето е направено во склоп на кампањата на компанијата М&S, која ги повикува луѓето облеката која не ја носат, а им зафаќа место во орманите, да ја донираат.
Студијата тврди дека просечен орман содржи 152 парчиња облека, но само 44% ја користиме, а околу 57 парчиња облека ја носиме ретко или никогаш. Спротивно на тоа, една од 20 личности ќе се пожали дека нема што да облечи еднаш неделно, а 28% од луѓето редовно расфрлаат облека низ соба, фрустрирани и незадоволни од изборот. Дури 15% се изјасниле дека изборот на облека може да им го уништи денот, додека 1 од 10 луѓе доцни на работа поради таа одлука.
А.Г.