Нивното тајно оружје е харизмата, каде и да се појават привлекуваат внимание. Според астрологијата, некои жени поседуваат фатална привлечност за мажите. Тие лесно ги освојуваат, без да вложат труд. Еве за кои хороскопски знаци станува збор:
1. Бик
Жените родени во овој знак се многу шармантни и ги полудуваат мажите. Иако се безгрижни и бараат мажи кои можат да им се прилагодат, листата на оние кои паѓаат на нивниот шарм е прилично долга. Но, една работа треба да ја имате на ум. Кога сте со неа не смеете ни случајно да погледнете, ниту да коментирате друга жена.
Најдобар пар е со Рак, Девица, Скорпија, Јарец и Риба. Свесни се за нивната женственост со која зрачат, поседуваат нежност и еротизам. Жената Бик вложува многу во нејзината убавина и може буквално да биде оптоварена со сопствениот изглед.
Важи за една од најпосветените и најодговорни сопруги во Зодијакот.
2. Шкорпија
Ги привлекува мажите со нејзината убавина и грациозно однесување, но и со фактот дека се многу пребирливи. Нив тешко ќе ги импресионирате, а токму тоа е привлечно за мажите. Со неа ќе научите што е вистинска страст и посветеност.
Најдобро се сложува со Бик, Рак, Јарец и Риби. Жената Скорпија нема проблеми да привлече маж. Знае како да игра и како да заведе со еден поглед или гест. Секое нејзино движење е промислено и има цел. Жената Шкорпија не се плаши од никого, мрази умилкување. Нејзиниот партнер мора да биде доминантен, сигурен во себе и мажествен, но никако насилен. Нејзиното мото е или сè или ништо. Таа е екстремно добар пријател, но опасен и непредвидлив непријател. Ги сака сексот и добрата храна, многу е одлучна, често саможива, итра и не простува неверство. Во домот е авторитативна, како мајка е напорна, а како жена е одличен пријател.
3. Близнаци
Жените Близнаци се друштвени и привлечни, а мажите се подготвени на сè за да ги освојат. Тие се забавни, друштвени и провокативни. Немаат многу интерес за долги љубовни врски.
Идеални партнери за нив се мажите во овие хороскопски знаци: Лав, Водолија, Овен, Вага, Стрелец и Девица. Жените Близнаци важат за најмладолики во целиот зодијак. Сакаат промени, подготвени се на сè за да го добијат посакуваното. Лесно се вљубуваат и тежнеат истовремено да имаат повеќе од еден љубовник. Романсата за неа е еден вид игра, често прави љубовни грешки, но се штитат себеси од разочарувања.
Многу мажи не можат да издржат долго со жена Близнаци. Склона е на флерт, па често му задава грижи на партнерот. Сепак, има силен инстинкт кој не ѝ дозволува да ги жртвува бракот и децата за некоја мала романса.