На 09.11.2021 во ПС Крушево, 46-годишен жител од Крушево ја пpиjaвил Д.Н., женско лице од Скопје за сторена измама.
– Според пријавеното, тие оствариле контакт на социјалната мрежа Фејсбук и по кратко време тој ѝ го испратил изводот од неговата банкарска сметка, по што таа ги искористила неговите лични податоци и подигнала брз кредит од 207.000 денари од финансиско друштво.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.