Женава е без граници! Најновото дело на Светлана е ликот на Лила Филиповска направен од коса (Фото галерија)

Светлана Зуламовска Гроздановска е долги години фризер и шминкер во Кривогаштани. Долги години успешно ја работи својата работа, ги исполнува желбите за убав изглед на своите муштерии и секогаш предизвикува насмевки и пријатно чувство.

Од поново време нејзино хоби е да изработува ликови од коса. И тоа не било какви ликови, туку ликови на познатите пејачи, спортисти, уметници…

Нејзините дела изгледаат толку реалистично и живо, што чиниш можат да прозборат. Нејзиниот салон во кој работи заедно со својата сестра доби дополнителна популарност, а познатите се воодушевени од тоа како изгледаат нивните ликови изработени со коса.

Најновото дело на Светлана е ликот на познатата ТВ водителка, Лила Филиповска.

Погледнете:

Неодамна за Маркукуле, Светлана раскажа повеќе за нејзиното хоби и професија.

Цели 27 години е успешна фризерка и шминкерка, а сега ги воодушевува сите со нејзините ремек дела од коса: Интервју со Светлана Зуламоска Гроздановска (ФОТО ГАЛЕРИЈА)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.