Желба му е да заигра за македонската фудбалска репрезентација! Малиот Иле Талески прв до Светиот крст во дворот на Стара црква во Прилеп (Фото галерија)

Иле Талески прв го изваде Светиот крст од водите на базенот во дворот на црквата Св. Благовештение, каде оваа година имаше пријавено 22 учесници.

Иле е талентиран фудбалер, а желбата му е еден ден да заигра за македонската фудбалска репрезентација.

Неговото Преосвештенство, епископот Велички г. Никола претходно во храмот отслужи Света Василиева Литургија и началствуваше со Богојавленскиот водосвет.

Бог се јави! За многу години!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.