Нов масовен протест “За заедничка Македонија” во вечерва во Прилеп. Илјадници граѓани одново излегоа низ улиците против платформата од Тирана и против формирање на влада која ќе работи на продажба на националните и државните интереси.
Прилепчани се одѕваа на повикот на иницијативата “За заедничка Македонија” и гласно, со патриотски песни и извици против предавниците на македонскиот народ, како река маршираа од споменикот “Прилепски бранители” до спомен комплексот “Kaрпалак”.
Од иницијативата “За заедничка Македонија” најавуваат соопштување на идните планови и активности во петок, а прилепчани се тука да ги поддржат сите активности кои ќе ја заштитат државата и државните симболи.
Пред граѓаните вечерва се обрати професорката по историја Плетварец Милена и една загрижена мајка и баба која со нејзиниот говор ги трогна сите присутни.
Маршот за Македонија во Прилеп, продолжува и утре, со почеток од 19 часот, пред хотел “Липа”.