Машката ракометна репрезентација на 29-ти мај ќе ги дознае противниците со кои ќе се соочи во групната фаза на Светското ракометно првенство кое во јануари 2025 година ќе се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.
Нашата репрезентација ќе биде во третиот шешир заедно со Катар, Бразил, Аргентина, Куба, Италија, Јапонија и Алжир.
Од првиот може да ни паднат Данска, Франција, Шведска, Германија, Шпанија, Унгарија, Словенија и Египет. Во вториот се Австрија, Норвешка, Португалија, Хррватска, Чешка, Полска, Исланд и Холандија.
Во четвртиот се Бахреин, Тунис, Чиле, Кувајт, Капе Верде (Зеленортски острови), Гвинеја, САД и еден тим кој ќе добие вајлд-карта.
Првата групна фаза ќе се игра во три хрватски и по еден дански и норвешки град. За македонската Фаланга најдобра варијанта е да играме во хрватските Загреб, Вараждин или Пореч, бидејќи се најблиску и таму поголема би била поддршката од трибините за Црвено-жолтите отколку во Хернинг или Осло.
Системот за натпреварување е таков што ќе има осум групи со по четири тима, а првите три од секоја група одат во следната фаза, што значи дека само една победа во трите кола може да ни донесе учество во втората фаза. Последно место во груата носи разигрување во Претседателскиот куп кој ќе се игра во хрватскиот град Пореч.