Жаре Стеваноски се откажа од советничкиот надоместок и ги повика сите советници да го сторат истото

Адвокатот Жарко Стеваноски, кој е кандидат за советник од политичката партија ЛЕВИЦА за Советот на општина Прилеп, на својот ФБ профил објави дека ќе се откаже од хонорарот кој ќе го добива од општината.

Во својот статус на ФБ, Жаре пишува:

-ИЗБРАНА е функцијата СОВЕТНИК во Советот на Општина Прилеп!

Народ не бира. Ние сме емисари од народот со задача да им ги испорачаме сите оние работи кои сме им ги ветувале за време на изборите.
Од сите нас, народот избира поединци кои се “истакнале” во средината и преку нивниот опшествен статус, народот очекува да му биде возвратено со подобрување на нивната благостојба.

Функцијата Советник не се извршува поради задоволување на социјалниот статус на советникот.

Надоместокот за работа во советот нема да го користам за сопствени потреби и како свој приход, ами за потребите на оние на кој ќе им биде најпотребен а живеат во мојот град.

Јас велам дека МОЖЕБИ ЗИД СО ГЛАВА НЕ СЕ ТУРКА, АМА СО ЛИЖЕЊЕ ИЧ.

Затоа, јавно ги повикувам сите останати учесници во оваа предизборна кампања кои се тркаат преку советничките листи, да покажат доблест и да се заветат дека парите од народот ќе ги остават на народот за да ги паметат идните генерации во својата заложба за подобар Прилеп.

Ветивте се и сешто, ВЕТЕТЕ ГО И ОВА

Инаку, Стеваноски е втор на кандидатската советничка листа на ЛЕВИЦА, па неговото столче во идниот состав на Советот на општина Прилеп се смета за сигурно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.