И покрај тоа што сеуште не беа завршени Велигденските празнувања, како и покрај сите осуди кои стигнаја од граѓаните и граѓанските организации во Прилеп, продолжи нагрдувањето и уништувањето на општинската зграда од хулиганите на СДСМ.
На трет ден Велигден, вандалите повторно се изживуваа врз новата општина.
Изминатата недела на социјалните мрежи излегоја и фотографии кој се е во првите редови на овие насилни протести. Притоа можеше да се види дека токму вработени на СДСМ во општинската администрација, кои се платени од парите на народот, фрлаат и нагрдуваат нешто што не го создале.
Повторно пренесуваме фотографии од синоќешните уништувања, за граѓаните сами да проценат, дали се за општокорисни проекти, програма и градење на општеството во кое живеат, или ги поддржуваат ваквите вандалски, девијантни појави.
А.Г.