Само во 2022 година над 53.000 граѓани на Македонија се преселиле во Германија, речиси двојно повеќе од над 32.000 граѓани што се доселиле во 2021 година во оваа земја, каде според последниот попис од 2022 година живеат 222.000 македонски граѓани, соопштуваат од Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“.
Во 2021 година во таа земја заминале „само“ 32.000 граѓани. За 2023 година нема официјални податоци, но ако се задржал трендот, бројката ќе биде огромна
Според последниот попис од 2022 година, во Германија живеат 222.000 македонски граѓани. Најголем дел од нив работат во транспортни компании како возачи, а некои и во фабрики за производство на храна. Жените, освен во фабрики, работат и во ресторани за брза храна, но и како хигиеничарки.
Берлин, Штутгарт, Хамбург, Хановер итн. се областите кои се најмногу населени од граѓани на Македонија во Германија.