Жална Македонија! Врие од народ пред германската амбасада – Прилепчанец вели: “Живот има само за оние блиски до власта” (Фото)

Врие од народ пред германската амбасада во Скопје.

Редици луѓе и денеска чекаат за закажани интервјуа за добивање работни визи за работа во Германија.

Една навистина жална слика која го отсликува македонското секојдневние и животот денеска во Македонија.

Меѓу луѓето кои денеска чекаат пред амбасадата на Германија се наоѓа и Ице Дамчески од Прилеп, млад човек кој заминува во потрага по подобар живот и подобро платена работа.

“Заминувам во потрага по подобар живот. Ова овдека во Македонија повеќе не се издржува. Нема работа за нас младите, живот има само за оние блиски до власта”, ни изјави Дамчески.

Според неофицијални информации пак, сликата пред германската амбасада е иста и во изминатите денови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.