Новата учебна година во Општина Демир Хисар почнува со помалку запишани првачиња од лани. Во трите основни училишта запишани се 46 првачиња, од нив 38 ќе учат во ОУ „Гоце Делчев“, во ОУ „Браќа Миладиновци“ запишани се пет првоодделенци, а во ОУ „Даме Груев“ ќе учат само три првачиња.
Градоначалникот на Општина Демир Хисар Никола Најдовски одлучи на секое семејство кое запиша прваче да им додели по 3.000 денари, еднократна парична помош за набавка на училишна опрема.
Утрово, градоначалникот Најдовски ќе го посети централното основно училиште „Гоце Делчев“ каде ќе биде организирна свеченост по повод почетокот на новата учебна година во Општина Демир Хисар.