Традиционално како и секоја година, еден ден пред големиот христијански празник „Свети Никола“, со прережување на славскиот колач и мал водосвет, што се изведе пред параклисот посветен на свети Никола, жителите на прилепската населба Жабино маало денеска го одбележаа споменот за патрониот празник на Прилеп.
Домаќин оваа година беше Ракометниот клуб Прилеп, а на настанот присуствуваше и градоначалникот Борче Јовчески.
-Традиционално во населбата Жабино Маало! На еден ден пред градската слава, го славиме и тука, патронот и заштитник на Прилеп, големиот христијански празник Св. Никола. Сакам да ви посакам пред се добро здравје на сите, мир, среќа и бериќет во вашите семејства. Голема благодарност за организацијата упатувам до годинешните домаќини ,,РК Прилеп”, а исто така го честитам кумството на новите домаќини за в година и се надевам дека здрави живи сите ќе се видиме повторно тука да го одбележиме овој голем празник. Ја користам оваа прилика уште еднаш да ги поканам сите жители на општина Прилеп утре на пладне во 12:00 часот, на централната прослава на празникот во центарот на градот пред параклисот на Св. Никола. Нека ни е за многу години празникот! Честита слава на сите мои сограѓани и вечно и честито име на сите кои слават – напиша Јовчески на ФБ.
За многу години и напомош!