Градоначалникот на општина Кривогаштани, Николче Мискоски, информираше дека општината заврши со асфалтирањето на повеќенаменското игралиште во населеното место Врбјани, а во идниот период ќе постават ограда, кошеви, поставување реквизити за најмладите, летниковци и осветлување.
Инвестицијата е во вредност од 3 милиони денари, а општината учествува со хортикултурно и партерно уредување. Игралиштето во Врбјани е донација од иселеници од ова населено место во Австралија – фирмата МКД транспорт која е во сопственост на браќата Игор и Жарко Цветкоски.