Ечеше „Миљацка“: Дачиќ им запеа и на одбојкарите (ВИДЕО)

Oдбојкарите на Србија, европската титула ја прославија со голема журка на еден сплав во Белград. Се пееше до разни зори, се пиеше пиво во неограничени колични.

И кога забавата достигна кулминација се појави специјалниот гостин, министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ кој е познат по добриот глас.

Тој за нив ја испеа „Миљацка“ од Халид Бешлиќ , како и „никој ништо не ни може посилни сме од судбината“ од Митар Мириќ во еден глас со одбојкарите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.