Новинарот и политички аналитичар Васко Ефтов, во денешното негово гостување во емисијата „Отворено“ на Тв Алфа вели дека кариерата на Зоран Заев зависи во целост од референдумот и дека доколку истиот не успее да испорача задоволителна бројка на референдумот, тоа ќе биде втор жолт картон за него.
– Ние како Македонци со ништо не сме зависни од референдумот. Зоран Заев е зависен, неговата политичка кариера зависи од референдумот или од постреферендумската разврска. Три ипол години во Република Македонија се инвестираше пари и енергија за да Македонија дојде до сегашната ситуација. 2016-та година на сите тие пари инвестирани, Зоран Заев не победи на изборите, изгуби со 20 илјади гласа разлика. Ако Зоран Заев не испорача соодветна бројка на референдумот тој ќе биде втор жолт картон за Зоран Заев, вели Ефтов.
Според Ефтов, референдумот за промена на името е полуфинале на се она што се случува во Република Македонија во последните три ипол години.