Ракометарите на РК Прилеп вчера во спортската сала “Ристе Ристески-Ричко” испуштија шанса да се пласираат во полуфиналето на Купот на Македонија.
Прилепчани беа совладани со 22-28 од вториот тим на Еурофарм Пелистер (11-20 на полувремето).
Сега веќе се познати сите четири екипи кои ќе се борат за шампионската титула во Купот, а тоа се: Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел и Еурофарм Пелистер 2.