РК Еурофарм Пелистер го официјализира првото засилување за сезоната 2025/26. Од следната сезона нов член на македонскиот ракометен првак ќе биде полскиот десен бек Анџеј Видовски.
Овој 22-годишен полски интернационалец потпиша двегодишен договор со шампионот на Македонија и ќе му се стави на располагање на новиот клуб од стартот на подготовките во јули 2025 година.
Се работи за ракометар кој доаѓа во Македонија од Гвардиа Ополе во полската ракометна прва лига Видовски е висок 186 сантиметри, настапува за полската репрезентација и му се претскажува блескава иднина.