Еурокомпозитци гневни на Владата: Ќе влеземе во фабриката и ќе продаваме од машините за да преживееме (Видео)

Континуирано индолентниот однос на Владата кон шеесетината вработени во загубарот „Еурокомпозит“ кои веќе шест месеци не одат на работа и немаат никакви примања, како и нивното невлегување во ниту еден сет заштитни мерки од Владата, ја прелеаа чашата кај овие луѓе – oбјави “АЛФА ТВ”

Тие денеска се заканија со одземање на имотот од Фабриката, а му побарале и оставка на актуелниот директор Милан Тоцев, на што тој, според нив, веднаш се сложил.

Работниците велат дека во меѓувреме им пропаднала и последната шанса за реализација на извесен трипартитен договор со кој сакале да заработат некој денар и така да ја спасат и Компанијата, но и себе.

Инаку, прилепски „Еуркомпозит“ е последниот македонски загубар, со 64 вработени и над 160 работници кои си заминаа како технолошки вишок. Но, и покрај бројните досегашни ветувања од Владата, периодов, ниту вработените земаат плата, ниту пак им се доисплатени отпремнините на оние кои си заминаа уште пред две години.

Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.