Еулекс упадна во куќата на Хашим Тачи (Видео)

Припадници на Еулекс вршат претрес во куќата на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, јавуваат приштинските медиуми.

Тачи од вчера се наоѓа во притвор во Хаг, откако му беше потврдено обвинението од страна на Специјалниот суд.

Тачи, Кадри Веселеи и други осомничени се за вoeни злосторства во Косово.

Жртви на kpивичните дела од обвинението се стотина лица чиј идентитет е познат и меќу кои се косовски Албанци, Срби, Роми и лица од други националности, како и политички противници, соопшти претходно Специјалното обвинителство.

Од мисијата на Еулекс која пружа логистика и оперативна поддршка за апсење обвинети, вчера порачаа дека секој кој сторил криични дела треба да одговара, а судењето да биде чесно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.