ЕТЕ, СЕ СЛУЧИ И ТОА: Селекторот на Бразил се повреди додека го прославуваше голот

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Тите се повреди вчера додека го прославуваше водечкиот гол на својата екипа против Костарика на Светското првенство во Русија.

Бразил ја победи Костарика со резултат 2-0, а поведе дури во првата минута од судиското продолжение со голот на Фелипе Кутињо. По овој гол селекторот се упати кон теренот, падна и се повреди.

“Малку го истегнав мускулот, скинати влакна. Сакав да славам заедно со нив, но морав полека да се вратам до клупата”, изјави селекторот.

За повредата можеби е виновен резервниот голман Едерсон Мораеш, кој намерно го турна додека трчаше зад него.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.