Претседателот на Турција рече дека „фашистичките практики“ против Русите фрлаат сенка врз легитимната борба на Украина, пренесува Ал Џезира.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во средата изјави дека земјата ги отфрла сите потези на “лов на вештерки” против рускиот народ, уметност, научници или уметници.
„Како што не би ја напуштиле Украина, не прифаќаме практики слични на лов на вештерки против рускиот народ, литература, студенти или уметници“, рече тој во обраќањето до Клубот на претставници на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).
Потсетувајќи дека германската филхармонија од Минхен го отпушти рускиот диригент поради неговата поддршка на рускиот претседател Владимир Путин, Ердоган рече дека таквите „фашистички практики“ фрлаат сенка врз легитимната борба на Украина да им се спротивстави на руските војници.
Турскиот претседател ги критикуваше и меѓународните организации дека не преземаат акција околу воените зони, особено Советот за безбедност на Обединетите нации.