Турција ќе мора на сириските бегалци да им ја отвори вратата кон Европа доколку Европската унија не ја поддржи доволно Анкара, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека Турција не може сама да го понесе овој товар.
Турција сака да воспостави “сигурна зона” на североистокот од Сирија, каде што околу 2 милиони сириски бегалци може да се населат откако регионот “ќе се исчисти од курдската полиција”. Анкара во повеќе наврати ја повика Европската унија да и помогне на Турција во прифаќањето на 3.5 милиони бегалци.
“Добиле поддршка или не, ќе продолжиме да им помагаме на гостите на кои им сме домаќини. Но, ако во тоа не успееме, тогаш ќе мора да ја отвориме вратата”, изјави Ердоган на конференција за новинарите заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта.