Турската влада одлучи познатата византиска црква Христос Спасителот да ја превори во џамија. Одлуката е објавена во Службен весник. Од Руската православна црква истакнуваат дека е тажно да се гледа како во мрак се сокриваат последните материјални траги на некогашната голема цивилизација.
“Еден од најсимболичните византиски споменици од епохата на династијата Комнина, познат по фреските кои се ремек-дела, се претвора во џамија по истата процедура како и Аја Софија. Како што се очекува, ќе бидат прекриени византиските фрески, за црвата да биде претворена во џамија”, пренесува грчката телевизија ЕФЕ.
Управата за верски прашања на Турција потврди дека музејот Хора во Истанбул, каде се наоѓа познатата црква Христос Спасителот, ќе биде користен за муслимански молитви.