Епископот во СПЦ, Милутин, почина од последици на коронавирусот во 79 година од животот, известуваат српските медиуми.
Тој со уште двајца свештеници во Ваљевската епархија, беа заразени од коронавирус и минатата недела хоспитализирани на Инфективната клиника во Белград.
Од епархијата информираа дека епископот меѓу првите ги презел сите мерки на заштита, дека престанал да оди по куќи за осветување на домовите пред Велигден и дека бил во некаква самоизолација.