Епидемиологот кој предупредуваше што не очекува: „Нема да престане додека не се случат 3 работи“

Пред 14 години Лари Брилијант, епидемиолог кој учествувал во искоренување на морбилите, говорел во својот ТЕД говор за наредната пандемија. Неговите предвидувања биле така застрашувачки што малкумина ги сфатиле сериозно. А, сега на сите им е јасно дека бил во право.

-Милијарди ќе се разболат. Околу 165 милиони луѓе ќе починат. Ќе дојде до глобална рецесија и депресија, а трагедијата од над 100 милиони мртви ќе биде ништо во однос на трагедијата која ќе ги чека преживеаните – рецесија, депресија, недостаток на работа, недостаток на здравствена заштита. Последиците од таа пандемија ќе бидат застрашувачки – говорел тој пред 14 години.

Тој незамислив пекол пристигна, а Брилијант е на чело на тимот за борба против оваа пандемија, која штотуку започна и целосно ни ги промени животите.

Во разговор за магазинот „Wired” проговорил за тоа што не очекува за време и после оваа пандемија:

-Својот ТЕД говор го насловив „Помогнете ми да ја запреме пандемијата“. Желбата тогаш не ми беше исполнета, но некои од системите кои тогаш ги барав се покренати. Смешно е тоа, затоа што сите сте го гледале филмот „Contagion”. Луѓето велат дека предвидел се. Не, науката тоа го говори. Епидемиолозите во последните 10 до 15 години предупредуваа дека ќе дојде до ова, но тешко се тераа луѓето да веруваат.

Коронавирусот е нов, а со самото тоа не постои ниедна личност на планетата која е имуна на него затоа што никој никогаш претходно не го имал. Тоа значи дека може да зарази над 7 милијарди наши браќа и сестри ширум светот.

Имајте на ум дека милиони од нас ќе се заразат со овој вирус. Можно е било што. Ова е најопасната пандемија со која сме соочени. Она што е сега навистина важно е сите да се изолираме за да ја развлечеме кривата на заразата. Со тек на време ќе дојде до пеидемиолошки златен прстен.

Тоа значи дека голем број луѓе ќе ја прележат короната и ќе станат имуни на неа, а друго, ќе развиеме вакцина. Комбинацијата на тие две работи ќе биде доволна да развиеме имунитет, што значи дека заштита за околу 70 до 80 отсто од популацијата.

Добри вести стигаат од Кина и Јужна Кореја. Кинескиот модел за борба е сепак тешко да се примени во другите земји/ Не можеме да ги заклучуваме луѓето. Моделот на Јужна Кореја со масовно тестирање, мноу е полесно применлив. Не заборавајте, додека Америка направи помалку од 1000 трестови, Јужна Кореја направи 200.000. Тестовите се екстремно важни за да знаеме каде се жариштата на вирусот. Мислите дека тоа што Зимбабве нема ниеден случај значи дека таму нема коронавирус? Не, само не прават тестови. Најкорисни би биле домашните тестови.

Светот ќе се врати во нормала кога ќе се случат три работи:

Прва, да видиме како тече заразата и дали ги знаеме сите начини на пренесувае. Ако сега го видиме врвот на легендарниот брег поради недоволно тестирање, во проблем сме.

Втора, мораме да имаме третмани кои делуваат, лекови или вакцина или и двете.

Трета, можеби најважна, најважните луѓе – медицинските работници, лекарите, полицајците, пожарникарите и учителите да стекнат имунитет и да се тестираат за да бидеме сигурни во тоа. Дури потоа ќе можеме да не се плашиме и да тргнеме полека да водиме нормален живот. Во првиот налет, би требало да работат само оние кои го прележале овој вирус. Така ќе бидеме сигурни дека лекарите и медицинските работници кои негуваат стари лица нема да пренесуваат вирус, дека можеме слободно да одиме на заболекар, да можат децата да одат на училиште.

Како и од секоја катастрофа и од оваа ќе имаме многу да научиме и да применуваме. Мораме да ревидираме како функционираат работите, што треба да се менува во системот и што можеме да подобриме, а што да отфрлиме – заклучил Лари Брилијант.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.