“Ем ресторан, ем ВИП ложа на стадионот за помалку пари од реконструкцијата на мовчето во Сточен пазар?”

Пишува: Влатко Атанасоски

Чудни економии #1

Во договорот за Реконструкција на Градски Стадион ,,Гоце Делчев“-Прилеп , кој на 19-ти јуни, Општина Прилеп го склучила со локалната компанија, Друштво за производство, градежништво и трговија на Иваноски Митко и др. ИЗОФАС увоз-извоз ДОО Прилеп, се предвидува реконструкција на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, за која Општината ќе треба да исплати малку повеќе од 435.000 евра или над 26 милиони денари!

Интересно е што техничкта спецификација за реконструкција на стадионот опфаќа и работи за подтрибински ресторан и ВИП ложа на северната трибина. Според договорот изведувачот е должен да ги заврши работите во рок од 90 дена од повикот од страна на овластен надзорен орган овластен од градоначалникот, Илија Јованоски.

Компанијата ИЗОФАС, во периодот по доаѓањето на функцијата градоначалник на Општина Прилеп, на г-динот Илија Јованоски, врз основа на постапките за јавни набавки, склучила и уште еден друг договор со Општина Прилеп за Одржување, санирање и адаптација на улици и патишта на територијата и за потребите на ЕЛС-Општина Прилеп во вредност од преку 140.000 евра! Истата компанија склучила договор за реконструкција на покрив на објектите, лимарки работи и др работи од сл.вид со ЈУДГ Наша Иднина, за објектот-детската градинка во Тризла.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.