Емоции спакувани во ноти: „Сеќавања“ е новото музичко ремек-дело на Modus Band (ВИДЕО)

Modus Band ја претставија својата најнова песна и видео спот. Најновото музичко достигнување носи наслов „Сеќавања“, а станува знор за емотивна и жива композиција која раскажува приказна што сите сме ја доживеале. Со моќна мелодија и длабока порака, песната сигурно ќе ги освои слушателите и ќе стане неизоставен дел од програмата на радијата и телевизиите.

Музиката е дело на Modus Band, додека текстот го напиша фронтменот на групата, Гоце Бошкоски – Чоки, кој преку стиховите успева да ја долови силата на љубовта и спомените. За аранжманот се погрижија Modus Band и Славко Ристески, а посебен белег на композицијата ѝ дава маестралната изведба на кларинет од Мартин Андреески. Професионалниот звук е заокружен со микс и мастеринг од Prosound Production Studio.

Визуелната приказна е реализирана од General Film Studio, со видео продукција на Дарио Јанковиќ и режија на Ана Марија Јанковиќ. За комплетниот изглед се погрижија Ели Илиоска (шминка), моделот Yagmur Bas од MAX MODELS, како и бутикот LOOK Prilep.

„Сеќавања“ е песна што допира до срцето и потсетува на моменти кои никогаш не се забораваат – вистински музички хит кој долго ќе се слуша и памети.

Слушнете и уживајте во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.