На социјалните мрежи се прошири видео според кое во јужните делови на Австралија вчера започнало да врне дожд.
Според информациите во медиумите дождот им дал малку одмор на пожарникарите во овие делови на континeнтот пред новиот жежок бран кој се очекува кон крајот на оваа недела.
Пожарникарите на видеото слават за дарот од небото кој им овозможи да здивнат во борбата со огнената стихија.