Емотивна средба на мало момче и фудбалерка родени без една рака (ФОТО)

Мало момче бликаше од среќа кога се сретна со фудбалерка која, исто како него, е родена со една рака.

18-месечниот Џозеф Тид со широка насмевка се поздрави со Карсон Пикет и со возбуда ја бодреше од трибините на стадионот во Орландо.

Слатката средба и навивањето на Џозеф за неговата хероина беа овековечени со фотографии.

„Срцето ќе ми експлодира“, „Не знам што е послатко, нејзината искрена среќа или среќата на детето“, „Чистата радост на оваа прекрасна фотографија ми го одзема здивот. Навистина инспиративно“ – се дел од убавите коментари на социјалните мрежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.