Емотивен настап на Ламбе на “Пиво Фест”: Mислите ми се со Македонија и не ми е до пеење (Видео)

Илјадната публика на третата фестивалска вечер на “Пиво Фест” со нетрпение го очекуваше настапот на Ламбе Алабаковски, а тој возврати со многу емоции на сцената.

Пред неговиот настап рече дека неговите мисли денеска се со Македонија и не му е до пеење, а настапот го започна со една од неговите најпознати песни “Земјо моја”.

Во еден момент Ламбе од публиката доби знаме со сонцето од Кутлеш и гордо го развиори, потег кој беше поздравен со громогласен аплауз.

Погледнете дел од неговиот настап во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.