Поранешниот технички премиер и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев напиша статус на својот Фејсбук профил за монтажната болница со која власта се пофали дека ја монтирале во просторот кај Клинички центар.
“Полската болница Roll 2, со ниво на опременост за хируршки интервенции, од утре во употреба за медицинска заштита на граѓаните на Македонија. Ја обезбедивме како донација во 2012 год. од Кралството Норвешка со вредност од 2 милиони евра. Дел од оние што денес се гордеат со неа, тогаш критикуваа дека за нашата земја финансиски е неодржлив овој ресурс. Добро е што ја имаме, што помалку да се користи”, напиша Димитриев.