ЕЛС ќе врши бесплатна достава до болниците и до семејствата на повредените во стравотната несреќа во Кочани

Со голема тага и болка ја примивме веста за трагедијата во Кочани, каде што животот го загубија 59 млади луѓе, а повеќе од 155 се повредени. Во овие тешки моменти, тимот на Еко Логистик Сервис упатува искрено сочувство до семејствата на настраданите, нивните пријатели и најблиски.

Во знак на поддршка и солидарност, ЕЛС ќе врши бесплатна достава на донации и помош до болниците каде што се згрижени повредените, како и до семејствата и роднините кои се сместени во Скопје. Доколку сакате да испратите облека, хигиенски средства, медицинска опрема или друга неопходна помош, можете да дојдете во најблискиот хаб на ЕЛС и нашиот тим ќе се погрижи пратките да стигнат веднаш до оние на кои им се најпотребни.

Ова се болни моменти кога сите треба да бидеме и да помагаме заедно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.