Елиса е родена на 1 ноември во Финска, а пораснала во либерална фамилија од која ја наследила љубовта кон тетоважите. Таа учела за фризерка, а од секогаш се воодушевувала во уметноста на тетоважите. Елиса исто така работи и како фотомодел и како фотограф.
Две години е сопственик на сопствена линија на облека, активна е на Инстаграм каде често добива понуди за рекламирање на различни брендови.