Наместо екстерно тестирање, надлежните воведуваат меѓународно познато како ТИМСС. Веднаш по преземањето на владините функции прво ветување беше дека нема да има екстерно тестирање. Истото го укинаа, но затоа веќе се спрема новото. Сега и упатените и родителите велат еден назив сменија во друг, а суштината помалку или повеќе е иста.
– Моето дете е четврто одделениe. Пред Нова година неговата наставничка ни соопшшти дека учениците од нејзиниот клас во мај годината ќе бидат тестирани по два предмети и тоа по предметот математика и природни науки, сведочи родителот.
Ова го потврдува Зеќирија Хасипи, директор на Бирото за развој на образованието. Хасипи за порталот Деца.мк кажува дека станува збор за ТИМСС – меѓународно тестирање кое се спроведува на светско ниво, а ги мери знаењата и постигнувањата на учениците по математика и по природни науки.
Според него со ова тестирање ќе се види колку и дали помогнале новите програми за подобрување на знаењето на учениците, со оглед на тоа што Македонија беше на последните места.
– Колку што сум запознаен, направени се и измени и исправки во дел од учебниците од страна на Педагошката служба, така што и во тој дел ќе се надминат проблемите, вели Хасипи.