По експресна реакција на МВР уапсени се четири лица, кои вечерва околу 20:45ч., во центарот на Прилеп претепаа сопственик на кафуле.
Лицата моментално се на распит во Полициската станица Прилеп, а граѓаните веќе реагираат и на социјалните мрежи бараат да им се одреди притвор.
Според првичните информации, тие вечерва без посебна причина физички го нападнале сопственикот на кафулето пред неговиот локал и му нанеле потешки повреди.
Лицето со возило на брзата помош е пренесено во градската болница “Борка Талески”, каде му се укажува лекарска помош.