Дефанзивецот на Борусија Дортмунд Марк Бартра е повреден и веднаш префрлен во болница, откако се случила експлозија пред тимскиот автобус на германскиот тим.
„Имаше инцидент пред пристигнувањето на нашиот автобус. Една личност е повредена. Фудбалерите се безбедни. Нема опасност на стадионот. Ќе следат дополнителни информации“ – објави Борусија Дортмунд во своето соопштение
Bombenexplosion am Mannschaftsbus am Mannschaftshotel. Spieler in Sicherheit. Keine Gefahr im und am Stadion. Weitere Infos folgen. #bvbasm
— Borussia Dortmund (@BVB) April 11, 2017
Германските медиуми пишуваат дека повреден е Марк Бартра, а исто тие велат дека се стравува дека станува збор за таргетиран напад.
Натпреварот помеѓу Борусија Дортмунд и Монако е официјално одложен.