Војската на САД денес ја фрлила најголемата нуклеарна бомба во Авганистан.
Според податоците на војската на САД бомбата GBU-43/B наречена “мајка на сите бомби” сега е искористена за прв пат. Воздухопловството на САД ги имало на мета припадниците на Исламска држава и тунелите кои ги користат.
Според пишувањата, експлозијата се слушнала до Санкт Петербург.
Бомбата била тешка 9,5 тони и фрлена е во областа Ачин, провинција во источниот дел на Авганистан.
Пентагон потврди дека сега ја разгледуваат штетата.
Ф.Г.