Ексклузивно: Што сакаше МТВ да скрие во интервјуто со Катица Јанева

Загрижен „Свиркач“ од фактот дека јавноста не ја добила вистинската слика од интервјуто со Катица Јанева, го достави севкупниот снимен материјал до Република, за да може јавноста вистински да се увери во непрофесионалноста на Аргирова.

Целиот материјал од снименото интервју, без никакви монтажи и корекции до нашата редакција го достави анонимен извор со цел да се прикаже во вистинско светло непрофесионализмот на МТВ и нејзиниот главен уредник на информативната редакција. Од материјалот може да се заклучи дека интервјуто е однапред договорено, со однапред договорени и одговорени прашања кои специјалната обвинителка Катица Јанева има потешкотии дури и да ги прочита. За резилот на обвинителката да биде помал, нејзините одговори се буквално искасапени и во најголем дел покриени со инсерти. При тоа од 18,15 минути снимен материјал, на екраните беше прикажан околу 10 минути. Не може а да не се забележи дека обвинителката не може да каже дури ни „добра вечер“ без да згреши и да погледне во подготвениот текст

 

najavata-pak

Јавна тајна во МРТВ е дека „Техничката“ уредничка на информативната програма Санта Аргирова поставена како кадар на СДСМ директно со Јанева со денови ги подготвувала прашањата и интервјуто во целина. Сепак, и покрај обидите се да мине во најдобар ред, снимениот материјал ја покажуваат неподготвеноста на Јанева барем да ги научи одговорите кои, ако се споредат  нејзините обиди за одговарање и тоа што го чита, воопшто и не се напишани од неа. Токму затоа техничката уредничка морала да се ангажира во сечење, лепење и монтирање на материјалот за да може да се емитува парче од неполни 10 минути во вестите на Јавниот сервис.

Интервјуто онака како што е презентирано всушност е класично засрамување на Јанева и на СЈО пред севкупната јавност, особено со зафатите на Аргирова најголемиот дел од интервјуто гостинот отпосле да биде „покриен“ со инсерти, во функција на козметички зафат за прикривање на читањето одговори и сечењето на искажаните неповрзаности на Јанева.

asas

Катастрофата на Катица Јанева е најголемата тема во медиумските кругови.  Невозможно е да се најде новинар и медиумски работник кој не го дели ставот дека Катица Јанева едноставно нема капацитет за одговорноста која и е доделена. Интервјуто во целина е под сите стандарди, а Јавниот сервис, во позиција со партиски војник во овие 100 дена на чело на информативната програма, наместо да има критички поглед кон институциите, меѓу кои и СЈО, без срам политички се додворува на Катица Јанева.

Главниот и одговорен уредник на информативната редакција на МТВ Санта Аргирова беше поставена на функцијата директно од опозициската СДСМ со цел да покаже пример за професионално известување. Аргирова најави дека ќе наметне стадарди какви до сега не се практикувале. За неполн месец, главната уредничка на МТВ успеа да постави невидени стандарди за непрофесионално информирање на јавноста.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.