Љубителите на автентичните македонски вкусови имаат нова причина за задоволство. Добро познатиот и високо ценет домашен ајвар „Мекиците од Стража“ од неодамна е достапен и во Liquor Store во Прилеп – еден од најснабдените дисконти за алкохолни и безалкохолни пијалоци во градот.
Подготвен по традиционален рецепт, со внимателно одбрани пиперки и без компромис во квалитетот, ајварот „Мекиците од Стража“ важи за еден од најбараните домашни производи, препознатлив по својот богат вкус и домашна арома. Совршен е како додаток на трпезата, но и како идеален спој со добро вино, ракија или пиво.
Aјварот e произведен од 100% печена пиперка од сопствените насади на “Мекиците од Стража” во с. Сарчиево. Станува збор за производство со комплетно контролиран процес од почва, засадување, наводнување… до производство, по домашен рецепт од 1942 година.
Liquor Store, кој се наоѓа на ул. „Егејска“ во Домот „Спиро Забрчанец“, нуди богат избор на пијалоци од реномирани домашни и странски брендови, а со додавањето на овој традиционален македонски производ, концептот „сè на едно место“ добива уште поголема вредност.
Ајварот „Мекиците од Стража“ веќе ве чека – изберете го омилениот пијалок и уживајте во совршениот спој на вкус и традиција.




























