По низата неуспеси на битолскиот тренер Божидар Мојсов, Маркукуле дознава дека управата на РК Прилеп одлучила да му се заблагодари за неговите услуги.
Нов тренер на екипата ќе биде Страшо Илески, легенда на прилепскиот ракомет и тренер со долгогодишно искуство.
Останува да видиме какви промени ќе воведе новиот тренер во екипата, на која очајно и треба нов лидер и поголема желба за освојување бодови.